| четврток, 6 декември 2018 |

Предупредување до земјоделците: Невообичаено студен бран доаѓа во Македонија

Во петок од попладневните часови започнува промената на временската состојба кај нас па така најпрвин ќе има зголемување на облачноста а доцна попладне и навечер во северните и во северозападните предели ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец кој повремено на некои места ќе се засилува по интензитет. Максимумот на температурите во петок ќе се искачува во интервалот од 21 до 27 тепени.

Во петок навечер ќе започне да дува засилен северен ветер што ќе биде најава за продор на студен и влажен воздушен бран од север па така во текот на ноќта петок кон сабота најпрвин во западните и во северните предели а подоцна и во останатите предели ќе има врнежи од дожд кој на некои места ќе бидат поитнензивни и можно е да наврнат околу па и над 20 л/м2 воден талог. Поради продорот на студениот воздух од север на планинските места од околу и над 1500 м.н.в врнежите од дожд ќе поминуваат во врнежи од снег со што ќе дојде до формирање на снежна покривка и ќе дува засилен северен ветер а температурите на воздухот НАГЛО и МНОГУ ќе опаднат (дури за околу 15 степени а понекаде и за повеќе) и до сабота наутро истите ќе се спуштат во интервалот од 4 до 12 степени додека во сабота максимумот на температурата на воздухот ќе се искачи во интервалот само од 7 до 15 степени.

За време на овој студен бран температурите на воздухот ќе се спуштат значително под просекот и тие ќе бидат дури за 10 па и за повеќе степени пониски од вообичаените за овој дел од годината.

Почитувани граѓани како што веќе најавивме во првиот ден од викендот (сабота) моќен студен фронт од север ќе услови врнежи од снег и формирање на снежна покривка на планините во државава. Снег ќе паѓа на надморска височина од 1400 метри и тоа особено во северните и во северозападните планински предели додека во југозападниот дел на државава но и во останатите предели снежната граница ќе се наоѓа некаде над 1800 м.н.в. Во недела наутро во северозападните планински предели сеуште ќе има услови за провејување на слаб снег додека во текот на денот ќе биде суво.

Сево ова ќе биде проследено со засилен ветер од северен правец кој локално ќе достигнува брзина и до околу 60 км/час.

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ОБЛЕКУВАЊЕ ВО ДЕБЕЛА И ТОПЛА ОБЛЕКА: Температурите на востухот на надморска височина од над 140 метри ќе изнесува оклу 0 степени а локално и сосема малку над нулата додека веќе на 2000 метри истите ќе бидат негативни а на планинските врвови истите ќе паднат и под 05 степени а понекаде дури до околу -10 степени.

: Поради северниот ветер кој ќе го има температурите на воздухот ќе се осеќаат како да се пониски од реалните а можна е и појава на снежни навеви.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО СИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ: Со оглед на тоа дека од север ќе се спушти невообичаено студен воздух за време на овој викенд па така од недела утрата ќе бидат значително СТУДЕНИ и насекаде температурите на воздухот ќе се спуштат под 10тиот степен, ова особено важи за најтоплите региони во државава додека во останатите предели истите ќе се спуштат до околу па дури и под 5 степени а понекаде и до околу нулата. Не се исклучува можноста на некои места (станува збор за котлините) температурите наутро да се спуштат под нулата па затоа се предупредуваат сите земјоделци навремено да ги заштитат своите земјоделски култури затоа што постои опасност од мраз и слана.

 

извор: метео макс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top