Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоилa најмногу гласови во 54 општини, коалицијата на СДСМ во 7, ДУИ во 11, ДПА, Српската напредна партија во Македонија, Националната демократска партија, Демократската партија на Турците и Сојузот на Ромите во по една, а во две општини победија независни кандидати, објави ДИК од обработените податоци од 97,48 проценти од вкупниот број избирачки места.
Во Градот Скопје се преброени гласовите од 90,11 проценти од гласачките места. Одѕивот е 63,77 проценти. Најмногу гласови освои Коце Трајановски 49,41 проценти, Јани Макрадули 28,81 проценти од гласовите, а Артан Груби 12,35 проценти.
Во Аеродром најмногу од гласовите освоил кандидатот на коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски, со 63,22 проценти, пред Диме Велковски од коалицијата „Сојуз за иднината“ предводена од СДСМ со 31,85 процент.
Во Берово кандидатот на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Драги Наџиски, освоил 49,69 проценти, а на СДСМ Ѕвонко Пекески 49,51 проценти.
Во Богданци Зоран Прочков од СДСМ 50,08, а Анастасија Олумчева 44,16 проценти.
Во Босилово најмногу гласови освоил Љупчо Колев од ВМРО-ДПМНЕ 53,22 проценти, а Жанко Зимбаков од СДСМ 45,59 проценти. Во Бутел Петре Латиновски од ВМРО-ДПМНЕ освои 49,88 проценти, а Коста Начевски од СДСМ 23,88.
Во Василево Ванчо Стојанов од ВМРО-ДПМНЕ 62,93 проценти, а Васил Коцев од СДСМ 35, 92.
Во Велес Аце Коцевски од СДСМ 50,74 проценти, а Славчо Чадиев од ВМРО-ДПМНЕ 47,43.
Во Врапчиште најмногу гласови добил Бајрам Кадрија од ДУИ – 36,75 проценти, Исен Шабани од ДПА 33,35, а Јусуф Хасани од коалицијата ДПТ-НДП 27,34.
Во Гевгелија Иван Франгов од ВМРО-ДПМНЕ 56,26 проценти, а Саве Марачков од СДСМ 41,72.
Во Градско најмногу гласови освои Жанета Чаушевска од ВМРО-ДПМНЕ 51,98 процент, додека Љупчо Иванов од СДСМ 46,74.
Во Дебарца Љупчо Којчиноски од СДСМ 49,71 проценти, а Игор Трајкоски од ВМРО-ДПМНЕ 47,86.
Во Демир Капија Трајче Димитриев од ВМРО-ДПМНЕ добил 69,23 проценти, а Зоран Мишев од СДСМ 28,08.
Во Дојран победи Борче Стамов од ВМРО-ДПМНЕ со 56,80 проценти од гласовите, а Никола Ајцев освои 41,82 процент од гласовите.
Во Ѓорче Петров Сокол Митровски од ВМРО-ДПМНЕ 49,04 проценти, а Александар Наумовски од СДСМ 46,44.
Во Зелениково Веле Груевски од ВМРО-ДПМНЕ освои 53,04 проценти, а Томе Ангелковски од СДСМ 14,70.
Во Илинден Жика Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ 69,93 проценти, а Миле Велиновски од СДСМ 26,81.
Во Кавадарци Александар Панов од ВМРО-ДПМНЕ 48,24 проценти, а Бетијане Китев 28,31.
Во скопската општина Карпош Стевчо Јакимоски од Српската напредна партија доби 47,14, Андреј Петров 26,34 и Јагнула Куновска од ВМРО-ДПМНЕ 25,85 проценти од гласовите.
Во Кичево Датмир Дехари од ДУИ освои 52,32 проценти од гласовите, а Благоја Деспотовски 47,68.
Во Кочани Ратко Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ 50,78 проценти, а Миле Андонов од СДСМ 47,79.
Во Крива Паланка Арсенчо Алексовски од ВМРО-ДПМНЕ 53,10 проценти, а Горанчо Младеновски од СДСМ 43,81.
Во Крушево Ѓорѓи Дамчески од ВМРО-ДПМНЕ 55,86 проценти, а Ташула Јуца од СДСМ 39,05.
Во Липково Садула Дураку од ДУИ 51,70 процент, а Муртезан Идризи од ДПА 45,14.
Во Маврово-Ростуше Мукрем Мемеди од ВМРО-ДПМНЕ 52,27 проценти од гласовите, а Самир Ајдини од СДСМ 29,47.
Во Македонски Брод најмногу освои Милосим Војневски од ВМРО-ДПМНЕ 65,99, а Анета Симеска-Димовска од СДСМ 31,79.
Во Неготино Ванчо Апостолов од ВМРО-ДПМНЕ 57,97 проценти, а Силвана Филипова од СДСМ 35,49.
Во Ново Село Блажо Велковски од ВМРО-ДПМНЕ 51,55, а Петар Спасов од СДСМ 45,26.
Во Петровец Борче Митевски од ВМРО-ДПМНЕ со 70,50 проценти, а Перо Арсовски 26,67.
Во Пласница Исмаил Јахоски од ДУИ 56,23 проценти, а Енвер Саитоски од ДПТ 43,77.
Во Пробиштип Тони Тоневски од ВМРО-ДПМНЕ 75,27 проценти, а Славчо Николов од СДСМ 22,29.
Во Ранковце Момчило Алексовски од СДСМ 56,67 проценти, а Орце Тодоровски од ВМРО-ДПМНЕ 42,83.
Во Росоман Стојанче Лазов од ВМРО-ДПМНЕ 55,57 проценти, а Гоце Величковски од Народно движење за Македонија 28,08
Во Свети Николе Зоран Тасев од ВМРО-ДПМНЕ 63,32 проценти, а Кире Алексов од СДСМ 24,69.
Во Старо Нагоричане Милован Стојковски од ВМРО-ДПМНЕ 43,94 проценти, а Власте Димковиќ од Српската напредна партија 28,21.
Во Струмица најмногу гласови освои Зоран Заев од СДСМ со 52,51 проценти од гласовите, а Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ 46,95
Во Теарце Рухан Илази од ДПА 42,63 проценти, а Исен Асани од ДУИ 42,57.
Во скопската општина Центар Андреј Жерновски од СДСМ освои 51,46 процент од гласовите, а Владимир Тодоровиќ од ВМРО-ДПНЕ 46,52.
Во Чаир Изет Меџити од ДУИ 53,05 проценти, а Мухамед Тачи од ДПА 18,63.
Во Чешиново-Облешево Костадин Личков од ВМРО-ДПМНЕ 40,09 проценти, Горанчо Крстев од СДСМ 29,19.
Во Штип Илчо Захариев од ВМРО-ДПМНЕ освои 61,30 процент, Ратко Коцев од СДСМ 37,45
Во Арачиново Рахим Ајваз од ДУИ 44,53 проценти, а Бастри Бајрами, независен кандидат, 41,49.
Во Битола Владимир Талевски од ВМРО-ДПМНЕ 51,32, а Менде Динески од СДСМ 41.
Во Боговиње Хазби Идризи од ДУИ 52,94 проценти, Бурхаб Изаири од ДПА 42,54.
Во Брвеница Стојан Тодоровски од ВМРО-ДПМНЕ 35,75 проценти, а Енвер Пајазити од ДУИ 21,53.
Во Валандово Николче Чурлиновски од ВМРО-ДПМНЕ 62,08 проценти, Тихомир Шумков од СДСМ 35,11.
Во Вевчани Цветомир Угриновски од ВМРО-ДПМНЕ 66,31 проценти, а Сашо Јанковски од СДСМ 16,93.
Во Виница Емил Дончев од ВМРО-ДПМНЕ 63 проценти, а Венцо Воинов од СДСМ 35,32.
Во Гази Баба најмногу гласови освои Тони Трајковски од ВМРО-ДПНЕ – 60,03 проценти, а Борче Стефановски од СДСМ 26,61.
Во Гостивар Руфи Османи од НДП 37,08 проценти, Невзат Бејта од ДУИ 35,26.
Во Дебар Ружди Јата од ДУИ 71,84 проценти, а независниот кандидат Ибрахим Колари 14,59.
Во Делчево Дарко Шехтански од ВМРО-ДПМНЕ 51,68 процент, а Голупчо Ангелов од СДСМ 45,06.
Во Демир Хисар Љупчо Блажевски од ВМРО-ДПМНЕ 57,51 проценти, Драган Јовановски од СДСМ 41,66.
Во Долнени Боше Милошески од ВМРО-ДПМНЕ 30,04 проценти, Абдула Бајрами од ДУИ 26,51.
Во Желино Фатмир Изаири од ДУИ 53,76 проценти, Јатиф Арифи од ДПА 42,28.
Во Зрновци Блаже Станков од ВМРО-ДПМНЕ 66,39 проценти, а Ванчо Митев од СДСМ 31,61.
Во Јагуновце најмногу гласови освои Дарко Блажевски од СДСМ – 37,62 проценти, а Тони Коцески од ВМРО-ДПМНЕ 31,83,
Во Карбинци Зоран Минов од ВМРО-ДПМНЕ 32,31 проценти, а Ристе Бањеглав од СДСМ 26,17.
Во скопската општина Кисела Вода победи Билјана Беличанец-Алексиќ од ВМРО-ДПМНЕ со 63,20 проценти, а Љупчо Васовски од СДСМ 32,67.
Во Конче Благој Јанев од ВМРО-ДПМНЕ освои 59,52 проценти, а Благој Илиев од НДМ 28,55.
Во Кратово Мите Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ освои 64,92 проценти, а Зоран Митевски од СДСМ 32,58.
Во Кривогаштани Тони Затковски од ВМРО-ДПМНЕ освои 59,54 проценти, а Владо Божиновски од СДСМ 32,35.
Во Куманово Зоран Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ освои 38,25 проценти, а Зоран Дамјановски од СДСМ 35,60.
Во Лозово Орце Цветковски од ВМРО-ДПМНЕ освои 35,09 проценти, а Ацо Велковски од СДСМ 29,25.
Во Македонска Каменица Дарко Митевски од ВМРО-ДПМНЕ 68,78 проценти, а Стојан Ефремов од СДСМ 29,99.
Во Могила Стево Пирковски, независен кандидат, 42,94 проценти, а Славко Велевски од ВМРО-ДПМНЕ 41,52.
Во Новаци Лазе Котевски од ВМРО-ДПМНЕ 82,08 проценти, а Менде Талевски од СДСМ 15,59.
Најмногу гласови во Охрид освои Никола Бакрачески, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, 59,50 проценти, а Александар Петрески од СДСМ 37,53.
Во Пехчево Игор Поповски од ВМРО-ДПМНЕ 65,38 проценти, Драган Тренчовски од СДСМ 33,77.
Во Прилеп Марјан Ристески од ВМРО-ДПМНЕ освои 69,76 проценти, а Хари Локвенец од СДСМ 39,38.
Во Радовиш Сашо Николов од ВМРО-ДПМНЕ 60,68 проценти, Игор Милев од СДСМ 38,39.
Во Ресен Ѓоко Стрезовски од ВМРО-ДПМНЕ 48,80 проценти, а Димитар Бузлевски, независен кандидат, 28,24.
Во Сарај Беким Мурати од ДУИ 54,24, а Азби Нуредини од ДПА 38,90.
Во Студеничани Фатмир Исени од ДУИ 44,14 проценти, Азем Садику од ДПА 36,76.
Во Тетово Теута Арифи од ДУИ 39,98 проценти и Сади Беџети од ДПА 32,80.
Во Сопиште Стевче Трпковски од ВМРО-ДПМНЕ 57,05 проценти и Љупчо Мицковски од СДСМ 31,42.
Најмногу гласови во Струга освои Владимир Кочовски од ВМРО-ДПМНЕ 41,11 процент, Зијадин Села 32,37.
Во Центар Жупа Аријан Ибраим од ДПТ 51,78 процент, а Мазлум Хасан, независен кандидат, 48,22,
Во Чашка Горанчо Пановски од ВМРО-ДПМНЕ 62,18 проценти, а Дејан Андоновски, независен кандидат, 28,16.
Во Чучер-Сандево Јован Пејковски, независен кандидат, 63,29 проценти, а Воислав Кираџиќ од НДМ 36,35.
Во Шуто Оризари Елвис Бајрам од Сојуз на Ромите 59,64 проценти, а Неџдет Мустафа од Обединети демократски сили на Ромите 33,83.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.