| четврток, 6 декември 2018 |

Пандов: Пендаровски е длабоко исфрустриран и полн со гнев, затоа го навредува народот

пандов

Двајцата поранешни претседателски кандидати на СДСМ, Стево Пендаровски и Љубомир Фрчкоски, со погрдни зборови го нарекуваа македонскиот народ. Народот од кој ниту еден од нив не доби поддршка и доверба. Тоа очигледно е единствениот критериум по кој тие ги проценуваат граѓаните- оние кои гласаат за нив се луѓе, сите останати се стока.

Политичкиот аналитичар Александар Пандов остро ја осудува оваа реторика насочена кон 90.000 граѓани кои пред два дена дадоа силна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ.

-Тоа се луѓе-нелуѓе. Тој Пендаровски пред неполна година народот ни го нарекуваше стока односно неподдржувачите негови, за да сега се надмина самиот себеси па над 90.000 граѓани од секакви социјални категории, земјоделци, работници, доктори, адвокати, бранители, ги нарече овци. Само и само затоа што тој е длабоко исфрустриран, полн гнев и омраза кон секој еден  кој не мисли подеднакво исто како него, рече Пандов.

Тој потсетува дека вечерта кога се одржуваше најмасовниот народен собир организиран од ВМРО-ДПМНЕ го слушнавме Фрчкоски, претходниот претседателски кандидат на СДСМ, како на најдолен начин, омаловажува над 90.000 луѓе.

-Тоа само им ја покажува нивната култура, нивното ниво и нивниот начин како ги перцепираат граѓаните. Тие само низ призма на бројки ги гледаат. Ако е нивни поддржувач е ОК, ако не ги поддржува е “стока“, „овца“ и така натаму – рече Пандов.

Да потсетиме, функционерите на СДСМ со тешки навреди и потсмевање за народот кој излезе вчера на улиците под мотото „Македонија Силна“. Стево Пендаровски изјави дека „Таму се собрани во бачило“ мислејќи на над 90 илјади народ кој се собра пред Собранието на големиот народен собир на кој се обрати премиерот Никола Груевски. Со ова кажа Пендаровски дека всушност народот кој се насобрал од цела државата под мотото Македонија силна, се овци.

Фрчкоски со потсмев и омаловажување говореше за овие луѓе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top