| четврток, 6 декември 2018 |

Апсолутна доминација, младинците на Металург со хет-трик во купот

Апсолутна доминација на младинците на Металург предводени од еден од нашите најперспективни тренери Влатко Колев, а епилогот е хет-трик трофеј со тримуф во финалето против екипата на Шкупи. Во Велес младите металурзи беа убедливи и славеа со 3-0.

Влатко Стојановски на двапати ја погоди мрежата на Албан Мифтари, а еднаш прецизен беше и Наумче Бакрачески. Со новата трета титула во младинскиот куп Металург е една од најтрофејните екипи во 23-годишната историја на ова натпреварување во Македонија.

metalurzi

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top