| четврток, 6 декември 2018 |

Народот застана зад Груевски, за стабилна и силна Македонија (видео)

Над 90.000 македонски граѓани вчера излегоа пред Собранието на Република Македонија и застанаа зад премиерот Никола Груевски и владините политики и реформи.
Народот безрезервно поддржа стабилна и силна Македонија, а не деструктивни сценарија и разнебитување на државата. Синоќешниот најмасовен митинг во историјата на независна Македонија покажува дека политичката гарнитура која пред само една година победи убедливо на парламентарните избори со 200.000 гласови разлика и понатаму е опција со убедливо најголема доверба меѓу граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top