| четврток, 6 декември 2018 |

Мејведер ќарува и во обложувалници

Непоразениот боксер во велтер категорија, Флојд Мејведер, жнее пари и на рингот и надвор од него. Со фотографија на „Инстаграм“, Мејведер се пофали дека ќарил 800 илјади долари на неколку ливчиња што ги уплатил во обложувалница.

mejve

Патем објави дека на едното ливче се обложил на победа на Генадиј Головкин, кој го има прекарот „терминатор од Казахстан“. Головкин е непоразен во средна категорија и има 20 нокаути по ред. Казахстанецот изјави дека ќе симне килограми само за да му излезе на мегдан на Мејведер, но Флојд категорично одби битка со него.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top