| четврток, 6 декември 2018 |

„Гаспром“: Цевките од „Јужен тeк“ ќе се искористат за „Турски тeк“

tek2

Сите цевки што беа наменети за гасоводот „Јужен тeк“, ќе бидат употребени за новиот „Турски тeк“, соопшти денеска руската компанија „Гаспром“.

Поставувањето на цевките за „Турски тeк“ на мала длабочина под земјата ќе почне во првите десет дена од следниот месец, наведува компанијата.

Заменик-претседателот на управниот одбор на „Гаспром“, Виталиј Маркелов изјави дека компанијата очекува доставките на гас во 2015 година да бидат на ниво на претходната година – 450 милијарди кубни метри, наспроти планираните 485 милијарди кубни метри.

Според него, вредноста на резервите на „Гаспром“ за 2014 година се зголемила за 3,3 отсто и достигнала 309,6 милијарди долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top