ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе најдат начин да го запрат овој залет на правење штета на Македонија, порача премиерот Никола Груевски пред илјадниците граѓани собрани под мотото: МАКЕДОНИЈА СИЛНА!
Први во тој правец, додаде тој, презедоа чекор Јанкулоска, Јанакиески и Мијалков, кои иако без докажана вина, покажаа одлука во интерес на државата да се повлечат.
СДСМ и Заев постепено ќе станат изолирани, подвлече Груевски и продолжи:
-Ние имаме план да ја надминеме кризата создадена од СДСМ и ќе го реализираме тоа што го ветивме. Нема да му дозволиме на Заев да го запре тоа што со години го градевме во економијата, силниот тренд на инвестиции и градба на фабрики, силниот тренд на нови работни места – истакна Груевски.
Тој додaде дека планираните работни места во 4-годишниот мандат, како и силниот тренд на раст во извозот ќе продолжи.
-Ќе продолжи и силниот тренд на инвестиции во инфраструктурата, здравство, образование, земјоделство, реформи во многу области. Раѓање на нова перспектива за младите и повозрасните. Нема да дозволиме Заев и таа кукавичка група околу него да го срушат тоа! Нема да дозволиме – порача Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски