| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Ќе најдеме начин да го запреме правењето штета на Македонија

Vmro Miting Zaedno sme posilni 18 05 15 (15) (Custom)
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе најдат начин да го запрат овој залет на правење штета на Македонија, порача премиерот Никола Груевски пред илјадниците граѓани собрани под мотото: МАКЕДОНИЈА СИЛНА!

Први во тој правец, додаде тој, презедоа чекор Јанкулоска, Јанакиески и Мијалков, кои иако без докажана вина, покажаа одлука во интерес на државата да се повлечат.

СДСМ и Заев постепено ќе станат изолирани, подвлече Груевски и продолжи:

-Ние имаме план да ја надминеме кризата создадена од СДСМ и ќе го реализираме тоа што го ветивме. Нема да му дозволиме на Заев да го запре тоа што со години го градевме во економијата, силниот тренд на инвестиции и градба на фабрики, силниот тренд на нови работни места – истакна Груевски.

Тој додaде дека планираните работни места во 4-годишниот мандат, како и силниот тренд на раст во извозот ќе продолжи.

-Ќе продолжи и силниот тренд на инвестиции во инфраструктурата, здравство, образование, земјоделство, реформи во многу области. Раѓање на нова перспектива за младите и повозрасните. Нема да дозволиме Заев и таа кукавичка група околу него  да го срушат тоа! Нема да дозволиме – порача Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top