| четврток, 6 декември 2018 |

Македонската фудбалска репрезентација тренираше на снег во Белгија

На терен прекриен со снег и на смрзнувачка температура, нашите репрезентативци го одржаа првиот тренинг по денешното пристигнување во Белгија, пред возвратниот натпревар против селекцијата на домаќинот во рамки на квалификациите за пласман на Светското фудбалско првенство.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, 40-члената делегација, меѓу кои 21 репрезентативец, со лет Скопје-Ајндховен допатува во холандскиот град, од каде што со автобус пристигнаа во белгиската и европска престолнина.

Нашиот национален тим е сместен во хотелот „Голден Тулип“ во близина на бриселскиот аеродром. Првиот тренинг на терен го одржаа во градчето Тубизе, кој е прекриен со снег поради досега невидената ниска температура и снежни наноси во  Белгија.

Дополнителна главоболка создава и податокот дека утрешниот тренинг, што според правилата на ФИФА нашиот национален тим треба да го одржи на националниот стадион „Крал Бодуен“, е откажан и подготовката на репрезентацијата треба да се одржи на друго место поради тоа што Белгијците, со дозвола на Светската фудбалска асоцијација, ќе го чуваат теренот за средбата во вторник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top