Министерството за локална самоуправа со поддршка на УНДП го реализира проектот за обележување на индустриските и на туристичките зони во вардарскиот плански регион. Носител на проектот е регионалниот деловен центар што на потенцијалните инвеститори ќе им понуди прецизни информации за можностите за инвестирање во регионот во областа на индустријата и на туризмот.
Како добра практика, овој проект беше презентиран пред раководителите на Центрите за развој на планските региони, како и претставници на државни институции и на Стопанската комора за туризам, секој во рамките на својата надлежност да придонесе за продуцирање на целосни и релевантни информации за поддршка на деловниот сектор.
Државниот секретар во Министерството за локална самоуправа Билјана Цветановска Гугоска, најави дека до крајот на годината се планира деловни центри да се воспостават и во другите плански региони покрај сегашните што функционираат во источниот, југоисточниот, вардарскиот, скопскиот и во пелагонискиот плански регион.
Претставникот на УНДП Михаела Стојкоска, го истакна партнерскиот однос на сите вклучени субјекти во проектот, вмрежувањето и умножувањето на потенцијалите во планските региони. Преку партнерство до оддржлив развој, ова е успршна приказна која што врз принципот одоздола-нагоре ги ги собира информациите и со размена на добри практики го го надградува системот, рече Стојкоска.
Деловниот центар на Вардарскиот плански регион информациите ќе ги публикува во збирка на индустриски и туристички зони во вардарскиот плански регион. На состанокот беше презентиран и новиот проект на Министерството за локална самоуправа, поддржан од УНДП, во функција на поттикнување на руралниот туризам во четири плански региони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.