Во Делчево се одржа првата работилница од проектот „Одржливо управување на природните ресурси во микро регионот Пијанец-Малеш“ каде со помош на иновативни алатки ќе се промовираат природните реткости во регионот.
Тони Стоименовски, советник од ЛЕР од Општина Делчево информираше дека претставници на општинските администрации и граѓанскиот сектор имаат задача да ги пронајдат сите најпознати и најпосетени природни убавини во Делчево и Пехчево и да ги документираат за натамошна обработка и промовирање.
– Проектот предвидува повеќе сегменти, како едукација на дел од вработените од општините и граѓанските организации, за користење на иновативни алатки за одржливо управување и промовирање на природните реткости, израбтока на веб страница за обележување на местата, поставување сигнализација локации кои се влезени во проекти, изработка на мапи, регионална мапа Делчево и Пехчево каде ќе бидат обележани сите природни реткости и голем број промотивни материјали, рече Стоименовски.
Тој додаде дека освен уредувањето на планинската велосипедска патека на Голак по сите стандарди за велосипедски патеки која ќе биде во должина од 6.800 метри, ќе се обележува и детската едукативна патека „Патеката на Петко на планината Голак“.
Градоначланикот на Пехчево, Игор Поповски истакна дека со реализацијата на овој проект не само што претставници од општинската админситрација и од невладиниот сектор во Пехчево ќе добијат основни познавања за промовирање на приородните реткости, туку ќе се обезбеди и подобра информација за туристите.
– Нашата цел е турстичка промоција на убавините на Пехчево и овој дел од Малешевјата. Планираме да ги обележиме и мапираме водопадите на изворите на Брегалница, езерцето и многу други интересни содржини, кои и сега се посетувани од туристи, рече Поповски.
Проектот е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка а е поддржан од Општините Делчево и Пехчево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.