| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија ќе добие зони за информатички технологии, каде што ќе се отворат илјадници нови работни места

Ekonomska zona Bunardzik (16) (Custom)Македонија ќе добие зони за информатички технлологии, каде ќе се отворат илјадници нови работни места. Владата на последната седница го донесе законот и законските измени сега треба да поминат во Собрание.

Премиерот Никола Груевски вели дека со овој закон се овозможува влез во зоните на компании од областа на компјутерите, софтверите и сѐ што е поврзано со нив.

-Овозможуваме тие да користат одредени бенефиции како би ги привлекле да отворат нови работни места во Република Македонија. Имено, целта е да се поттикнат компаниите од секторот на информатичките технологии своите следни инвестиции и отворање на нови работни места да ги направат токму во Македонија. Она што ќе го добијат како привилегија од страна на државата, е во тие зони во првите 10 години да имаат ослободување од данок на добивка, ослободување од персонален данок на доход и за нивната опрема што ќе ја увезат да бидат ослободени од ДДВ и Царина. Доколку сакаат да градат свои објекти, земјиштето ќе можат да го земат на лизинг на долг рок, по многу симболична цена. Но исто така, разговаравме со директорот на ТИРЗ, знаејќи дека во овој бизнис компаниите многу ретко се одлучуваат сами да градат објекти и практикуваат да изнајмуваат, веројатно е дека ТИРЗ, каде што ќе биде сместена и првата ИТ-зона, ќе изгради еден објект и ќе го издава под кирија на оние заинтересирани компании што сакаат да дојдат – рече премиерот.

Информатичките инжинери кои се невработени токму овде ќе добијат работа. Ќе бидат отворени неколку илјади нови работни места.

Овој проект беше ветен во владината програма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top