Според аналитичкиот центар на СДСМ, коалицијата „Сојузот за иднината“ очекува победа во прв круг во Струмица и во Ранковце, а водство имале и во Кочани, Берово, Богданци, Јегуновце, Дебарца, Делчево, Куманово и во Карбинци.
Потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев, соопшти дека во Битола се одвивала вистинска драма во Општинската изборна комисија и дека партијата „преку правни средства“ ќе се обиде да обезбеди втор изборен круг. Според Георгиев, СДСМ се решила на ваков чекор затоа што имало многу нерегуларности во Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


