Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје организира Книжевна вечер по повод 50 години од творештвото на истакнатиот македонски поет Михаил Ренџов и 50 години од излегувањето на неговата прва стихозбирка „Иселеник на огинот“.
Поезијата на Михаил Ренџов претставува едно од најзабележливите естетски возвишенија на македонската книжевна мапа. Врвните поетски достигнувања на овој автор произлегуваат од неговата внедреност во јазикот, моќната имагинација и идејно-мотивското богатство што се протега од непосредното опкружување и внатрешните длабочини до метафоричните сфери.
За творештвото на Михаил Ренџов ќе зборува проф. д-р Венко Андоновски, а стихови ќе интерпретира актерот Роберт Велјановски.
Македонскиот поет, раскажувач и препејувач, Михаил Ренџов, е автор на двесет книги поезија, препеви и раскази. Од неговата поезија се објавени многу поетски избори и е преведуван на повеќе светски јазици. Добитник е на значајни книжевни награди од областа на поезија и прозата.
Чествувањето ќе се одржи на 19 мај (вторник) 2015 година, во спомен-собата на Миладиновци во библиотеката „Браќа Миладиновци“, со почеток во 19 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на книгата „Јас.Елегии” од Михаил Ренџов
-
Промоција на книгата „Јас, елегии“ од Михаил Ренџов во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“
-
Михаил Ренџов добитник на наградата „Браќа Миладиновци“
-
Послание или черемен запис на поетот Михаил Ренџов: Македонците во овој свет на агресија пак ќе победат со човекољубието