Демократска партија на Турците на Македонија повикува на присуство на вечерашниот голем народен собир во Скопје, во организација на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Подобра Македонија“, со кое ќе дадат поддршка за стабилна, безбедна и просперитетна Македонија.
– Почитувани граѓани на Р. Македонија, Р. Македонија e соочена со големи предизвици кои се производ на сценаријата чија цел е дестабилизација од поголеми размери и предизвикување меѓуетнички конфликт. Со цел да кажеме стоп на ваквите сценарија и да го поддржиме проектот за стабилна, безбедна и просперитетна Македонија, ве повикуваме да присуствувате на големиот народен собир кој ќе се одржи на 18.05.2015 ( понеделник) во Скопје во организација на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Подобра Македонија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.