| четврток, 6 декември 2018 |

Бензинoт ќе поевтини, дизелот ќе поскапи

Малопродажните цени на бензините ноќеска на полоноќ се намалуваат за 1,5 денари за литар, додека цената на дизелот се зголемува за половина денар.

Вака одлучи Регулаторната комисија за енергетика на редовната двонеделна седница посветена на корекција на цените на нафтените деривати.

Согласно одлуката новата цена на литар еуросупер БС-95 изнесува 70,5 денари, додека еуросуперот БС-98 ќе се продава по 72,5 денари за литар.

Новата цена на литар еуродизел изнесува 58 денари, додека екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по 46,50 денари по литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,705 ден/кг, и со тоа цената на М-1 НС изнесува 28,934 ден/кг.

Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период е за 3,94% повисока од просечната цена на сурова нафта по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top