| четврток, 6 декември 2018 |

Косовските ученици ги напуштаат средните училишта

косово2

Во првото полугодие од оваа учебна година средните училишта во Косово ги напуштиле 775 ученици, објави приштинскиот весник „Коха диторе“, повикувајќи се на официјални податоци на косовското Министерство за образование.

Меѓу оние што ги напуштаат средните училишта во најголем број се момчиња, што според експертот за образование Дукаѓин Пуповци се должи на „тешките економски ускови“ во Косово, наведува весникот.

„Коха диторе“ додава дека иако извори во Министерство за образование на Косово изјавиле дека се загрижени од овој фрапантен податок, оваа државна институција засега не излегува со конкретни предлози за запирање на оваа појава.

Пуповци од друга страна решението на проблемот го гледа во создавање „посебна формула за финансирање на средното образование“, односно за помош на децата од семејства со мали материјални можности, истакнува приштинскиот весник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top