| четврток, 6 декември 2018 |

Федерер загуби од Ѓоковиќ, но ја намали разликата на листата на АТП

Новак Ѓоковиќ го освои Рим со триумф против Роџер Федерер во големото финале, но и тоа не му помогна да ја зголеми разликата во поени на најновата листа на АТП. Новак и лани беше шампион во вечниот град, а Федерер испадна во втората рунда, што му овозможи барем малку да ја намали разликата од најдобропласираниот светски тенисер.

Ѓоковиќ е неприкосновен на врвот со 13.845 поени, пред Федерер со 9.235, третопласиран е Енди Мареј со 7.040, а потоа во топ 10 следат Бердих, Нишикори, Раониќ, Надал, Ферер, Вавринка и Чилиќ.

Italian Open

Кај дамите Серена Вилијамс остана на врвот, пред Марија Шарапова и Симона Халеп, кои ги сменија позициите број два и три. По нив се Квитова, Вознијачки, Бушар, Ивановиќ, Суарез Наваро, Макарова и Петковиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top