| четврток, 6 декември 2018 |

Индонезија ќе потопи 30 бродови фатени во илегален риболов

брод

Претседателот на Индонезија Јоко Видодо денеска објави дека решил да издаде наредба за потопување на 30 бродови, кои биле фатени во илегален риболов во територијалните води на државата.

Видодо не кажа од кои држави се запленетите бродови, но според извештаите во медиумите од декември минатата година во илегален риболов се фатени бродови од Виетнам, Филипините, Тајланд и Малезија. Најголем дел од членовите на екипажите по напуштањето на бродовите и полициската истрага се депортирани во матичните држави.

Меѓу запленетите има и шест големи кинески рибарски бродови. Тие бродови во оваа акција ќе бидат исклучени од потопувањата бидејќи нивните сопственици повеле спорови пред судот во Џакарта.

Одлуката на Видодо доаѓа и покрај силниот дипломатски притисок на заинтересираните држави. Претседателот на Индонезија често изјавува дека нема да покаже милост кон илегалните риболовци, наведувајќи дека неговата држава поради илегалците трпи штета од најмалку 20 милијарди годишно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top