| четврток, 6 декември 2018 |

ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во Битола, Валандово, Велес, Виница и во Ресен

Резултати на ДИК според обработени 30 проценти од гласовите:

Во Битола кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Талевски има освоено 50,27 проценти, а кандидатот на СДСМ Менде Диневски 37 проценти.

Во Валандово кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Чурлновски е во предност пред кандидатот на СДСМ Шундов.

Во Велес кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Чадиев има освоено 50 проценти од гласовите, а кандидатот на СДСМ Коцевски 48 проценти.

Во Виница кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Дончев има предност пред кандидатот на СДСМ Воинов.

Во Ресен најмногу гласови има освоено кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ – 48 проценти, а независниот кандидат Бузлевски има 21 процент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top