Нигериската армија тврди дека разрушила 10 кампа на групата Боко харам во североисточниот дел на Нигерија, при офанзивата против исламистичките борци.
Армијата ликвидирала многу борци на Боко Харам и запленила неколку оклопни возила и противвоздушни оружја. Еден војник загинал при експлозија на мина.
Илјадници луѓе загинаа, а неколку милиони беа принудени да ги напуштат своите домови како резултат на шестгодишната вооружена дејност на групата.
Оваа година соседните држави Чад, Нигер и Камерун почнаа заедно со Нигерија офанзива против Боко харам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.