| четврток, 6 декември 2018 |

Радио телевизија Војводина и удри шамар на Шеќеринска (видео)

Протестот кој Заев го најавуваше како масовен и на кој очекуваше да се појават 100.000 луѓе многумина го опишаа со дефиницијата „премногу врева за ништо“. Но соочена со неуспехот, неговата заменичка Радмила Шекеринска се уште тврди дека денес поддршка на СДСМ дале 100.000 граѓани.

Репортерката на Радио телевизија Војводина во својот извештај од Скопје јави дека нема повеќе од 10.000 луѓе кои излегоа на антивладиниот протест.

radafacebookk

Со тоа, овој медиум дефинитивно и “удри“ шамар на заменик претседателката на СДСМ. Дека денешниот собир организиран од СДСМ воопшто не беше масовен, јавуваат и голем број на други медиуми од регионот.

Реално, протестот на Заев и Шекеринска денес го поддржаа околу 18.000-19.000 симпатизери на опозицијата.

Општа констатација на македонските и странските медиуми е дека најавите за посетеност беа повеќе од нереални.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top