На денешниот партиски митинг на СДСМ се вееја Македонски Албански и знамиња на ЛГБТ заедницата.Ако тоа требаше да создаде впечаток и да прати порака дека се работи за „надпартиски и наднационален собир“, тогаш која е пораката која што ја испраќа ликот кој денеска го пренесе Телма телевизија во прилогот посветен на митингот?
Човек облечен во маичка на која е картата на Голема Албанија како и идејните творци на таа идеја.
Од глетката и од скандирањето УЧК, УЧК беа ужаснати и многу учесници на протестот.
За потсетување, истите овие симболи беа употребени на знамето во Белград, на фудбалскиот репрезентативен меч Србија и Албанија, кога со летало на далечински управувач беше развиорено над стадионот. Крајот на мечот е познат.
Ако денешниот партиски митинг на СДСМ и групите финансирани од СОРОС требаше да минат мирно, тогаш целта на ваквите провокации беа предизвикување токму на обратното.
Не сллучајно и медиумите од регионот известуваат дека на собирот се извикувало и УЧК УЧК, што се повтори неколку пати. Така, се додава и дека организаторите и ним наклонетите медиуми и во Македонија и во регионот, тврделе дека пред Владата присуствувале „неколку десетици илјади“, додека, како анализираат странските медиуми „едвај успеале да донесат меѓу 15 и 30 илјади од оние кои биле подготвувани да учествуваат во скопски Мајдан“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)