Џихадистите од Исламска држава го зазедоа денеска штабот на силите за безбедност во Рамади, во провинцијата Анбар. Со тоа ја засилија контролата врз главниот град во западниот ирачки регион.
– Командниот центар за операции во провинцијата анбар беше напуштен, соопшти Мухамад Хајмур портпарол и советник на гувернерот на провинцијата.
И претставници од силите за безбедност го потврдија повлекувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.