| четврток, 6 декември 2018 |

МВР: Нема инциденти на протестите и нема поплаки

На досегашниот тек на протестите во Скопје нема регистрирано инциденти. Ова за Телма го потврди и помошник министерот во МВР Иво Котевски.

-Нема регистрирано инциденти. Имаше неколку интервенции кога граѓани побарале помош затоа што им се слошило. Од друга страна нема ниту пријавено поплаки од страна на учесници во протестот, рече Котевски околу 16.30 часот.

Антивладините протести почнаа во 14 часот пред зградата на владата на Република Македонија. Покрај големото полициско обезбедување, организаторите ангажираа и сопствено обезбедување кои се наоѓаат меѓу полицајците и демонстрантите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top