Екипата на Челси се вклучува во трката за напаѓачот на Манчестер Сити, босанскиот репрезентативец Един Џеко.
Менаџерот на тимот Жозе Мурињо најави дека сака да доведе нови имиња во напаѓачката линија, а неочекувано е името на Џеко на листата.
Босанскиот ас е незадоволен од премалата минутажа во Манчестер сити и веќе најави дека ќе ги напушти „граѓаните“, а Мурињо ќе стори се за да го убеди Џеко својата кариера да ја продолжи на „Стемфорд бриџ“.
Англискиот весник „Мирор“ тврди дека понудата на Челси изнесува 11 милиони фунти, сума што е премала во однос на таа што ја бара Манчестер Сити (околу 18 милиони фунти).
Останува да се види и како Мурињо ќе успее да го убеди Џеко, со оглед на фактот дека е јасно дека Диего Коста ќе биде прв напаѓач на Челси во новата сезона, што би значело дека Џеко одново ќе мора да „дреме“ на клупата за резерви.
Интерес за овој фудбалер искажуваат и челниците на Милан и на Борусија Дортмунд, како и турските гиганти Фенербахче и Галатасарај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.