Движењето БЕСА нема да учестува на денешниот протест, бидејќи Зоран Заев и СДСМ не објавиле ништо за ДУИ.
Од БЕСА во соопштението до медиумите наведуваат дека дури и по 30 и повеќе објавени прислушувања речиси ништо не излезе за делата на Демократската унија за интеграција.
– Ова не тера да се сомневаме дека целта на СДСМ не е спасот на Македонија и изградба на една слободна, демократска и фер држава, туку само промена на сопственикот на државата. Ние со жал констатираме дека и по толку години и по толку многу изјави, СДСМ ни малку не го смени односот со Албанците, стои во соопштението од БЕСА.
Затоа сега, кога е направен национален повик за протести, иако Движењето БЕСА е за измена на оваа власт, Централниот Совет на БЕСА апелира до нејзиното членство, но исто така и до целото албанско население во Македонија да не учествуваат во денешните протести.
– Заев досега со ништо не изјаснил што ќе промени за албанскиот народ во Македонија. Ние сакаме да знаеме каков е неговиот пристап за редефинирање на Македонија како заедничка држава на албанско-македонски консензус, се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.