„Во врска со денешните селективни и монтирани снимки за спорот за името со Грција, кои брат му на Виц’то нелегално ги поседува и злонамерно ги објавува, можам да изјавам само едно. Зоран Заев воопшто немал потреба да се мачи, во соработка со странски служби и домашни шпиуни, на незаконски начин да стигне до монтирани снимки за името, бидејќи најважната снимка за Македонија и наметнатиот спор од Грција е јавна и веќе позната на домашната и меѓународната публика“- напиша пратеникот и поранешен министер за надворешни работи Антонио Милошоски на Фејсбук.
-Таа снимка трае 25 минути и се надевам дека Заев ќе најде време да ја гледа, напиша Милошоски, додавајќи ја снимката.
-Тоа е снимката од судскиот спор пред Меѓународниот Суд на Правдата во Хаг, во кој имав чест и дожност да ги застапувам интересите на мојата држава, Република Македонија. Таа снимка кратко и јасно ги претставува аргументите на Република Македонија во спорот со Грција, ставот на премиерот и Владата, и мојот став за грчко-македонскиот спор како министер за надворешни работи. Манипулациите во политиката се многу, но вистината за грчко-македонскиот судски спор е една, а тоа е дека Македонија за прв пат во Хаг, со едногласна пресуда од сите судии, ја извојува својата прва меѓународно-правна победа против дводецениските малтретирања од страна Грција. Монтираната снимка на Заев за спорот за името ќе остане запишана со темни букви во утрешните весници, но снимката од спорот во Хаг ќе остане запишана со светли букви во македонската историја, додава Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)