Според потврдените информации, дојавени од набљудувачите и од регионалните канцеларии на МОСТ, граѓанската асоцијација досега ги забележала следните неправилности на гласачките места:
- Гласачко место 1852 општина Струга, забележани 27 случаи на семејно гласање.
- Гласачко место 1930 општина Тетово, забележани над 30 случаи на семејно гласање.
- Во ОИК Суденичани се пријавени 23 гласачи кои имале биометриски лични карти, а ги немало во ИС.
- Гласачко место 1376 општина Прилеп, две лица во два одделни случаи се фатени како сликаат гласачки ливчиња. Во двата случаи реагирала полицијата. И во двата случаи имало прекин од 10 минути, по што гласањето продолжило.
- На гласачките места 1944 и 1989 општина Тетово се забележани над 15 случаи на семејно гласање поединечно.
- Гласачко место 1947 општина Тетово, забележани се над 30 случаи на некористење ултравилетова ламба.
- Гласачко место 1956 општина Тетово, малолетно лице сакало да гласа со туѓа лична карта, а ИО му издал гласачки ливчиња. Потоа ИО ја увидел грешката и ги поништил гласачките ливчиња и ги ставил во гласачката кутија. Полицијата извршила увид и случајот е внесен во записникот од ИМ.
- Гласачко место 0301 општина Валандово, регистрирани се 10 случаи на семејно гласање.
- Гласачко место 1682 општина Свети Николе, се читаат на глас имињата на гласачите.
- Во општина Гази Баба на гласачкото место 2507 – 20 лица, гласачко место 2509 – 30 лица и гласачко место 2510 – 30 лица не се нашле во ИС.
По затворањето на ИМ 2764 и 2765 во Дом на слепи, ИМ 2766 и 2767 во ОУ Круме Кепески и на ИМ 2655 во месна заедница Пржино во општина Кисела Вода имало прекин струја. Исто така, и во ИМ 2557 и 2558 во ОУ „Димитар Поп Ѓоргиев Беровски“ општина Ѓорче Петров нема струја.
На бесплатниот телефонски број 080 080 080 граѓаните најчесто се обраќаа за тоа како да дознаат на кое гласачко место гласаат, да пријават читање на глас на имињата на гласачите на гласачите места, да се пожалат дека ги нема во ИС и да пријават расфрлан пропаганден материјал.
Граѓанската асоцијација МОСТ прелиминарната оценка за изборите ќе ја даде утре на прес-конференција, која ќе се одржи во 13.30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.