| четврток, 6 декември 2018 |

Тачи и Ферати не гласаа, ДПА се жали на лошо организирани избори

Актуелната власт уште еднаш потфрли во организирањето слободни, фер и демократски избори и во тек на вчерашниот и во тек на денешниот ден, обвини пратеникот и кандидат за градоначалник на Град Скопје од редовите на ДПА, Беким Фазлиу, на својата прва прес-конференција одржана по изборите во партиското седиште во Тетово.

Тој вели:

– Продолжи практиката на ДУИ со закани и уцени кон гласачите, особено Албанци, прекумерното присуство на полицијата на гласачките места не дозволи дел од граѓаните слободно да ја изразат својата волја. Нашата процена врз основа на информациите што ги добиваме од теренот е дека голем број Албанци беа спречени во остварувањето на гласачкото право.

Според него, посебна појава е тоа што многу лица со биометриски лични документи не биле во избирачките списоци, а најочигледни примери, како што рече, се лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и пратеничката Мерале Ферати, кои, исто така, не можеле да гласаат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top