| четврток, 6 декември 2018 |

По лекарите, Косово го напуштаат и медицинските техничари

A man pulls a giant Kosovo flag draped over one side of the parliament in the capital PristinaДиректорот на Ургентниот центар во Приштина, Басри Лењани предупреди на појавата, со која се соочуваат и други здравствени установи во земјата, а тоа е недостигот на здравствени работници.

Според него само во овој центар за неполна година работата ја напуштиле и во некоја од западно европските земји заминале најмалку десет медицински сестри.

-Специјализираниот медициски кадар е многу позаинтересиран да работи во други земји во светот,отколку во Косово. Патот на докторите специјалисти почна да го следи и средомедицискиот кадар,поради што веќе се чувствува недостиг, изјавил Лењани.

Неодамна весникот Експрес пренесе дека како последица на ниските плати и неповолните услови во здравствениот сектор само во последните три години  Косово го напуштиле над 400 лекари. Тие главно се вработени во земјите од ЕУ.

Месечната плата на лекарите специјалисти во Косово изнесува околу 600 евра, додека средномедицинскиот кадар има плата од околу 300 евра.

Претседателот на Федерацијата на синдикатот на здравствотвото, Блерим Суља, вели дека здравството треба да биде приоритет за Владата,имајќи го во предвид  неговото значење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top