Перо Антиќ со својот тим Атланта се пласира во финалето на источната конференција откако синоќа славеше победа на гостински терен од 94-91 над Вашингтон и со вкупен резултат мина во следната рунда.
Во финалето „јастребите“ сега ги очекува историска пресметка со Кливленд и „кралот“ Леброн Џејмс.
Тројца кошаркари на „јастребите“ постигнаа повеќе од 20 поени, а нив ги предводеше Керол кој натпреварот го заврши со 25 поени зад своето име. Одлична партија пружија и Милсап и Тиг со по 20 коша.
Антиќ мина на паркетот нешто повеќе од пет минути и забележа три клучни офанзивни скока.
Најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната Голден Стејт истотака оствари клучна победа на гостински терен против Мемфис со 108-95 и заслужено се пласираше во финалето на западната конференција.
МВП на регуларниот дел од сезоната Стефон Кари беше фантастичен остварувајќи дабл-дабл учинок од 30 поени и 10 асистенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)