Во Прилеп почна исплатата на субвенциите за минатогодишната реколта тутун. Според Подрачната единица на Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, субвенции има за сите тутунари без разлика кај кој откупувач го предале родот.– Ланската реколта тутун беше тешка околу 25.000 тони од кои нешто повеќе од половината, 13.000 тони се од прилепско-пелагонискиот регион. За прилепските тутунари се обезбедени околу 13 милиони евра од вкупно 25-те милиони за исплата на субвенциите за целата реколта, информира Коста Дурланов од Подрачната единица на Министерството за земјоделство.
Тутунарите се нестрпливи што поскоро да ги подигнат парите зашто, велат, сега е во ек расадопроизводството.
Според Подрачната единица, за новата реколта тутун се подигнати 11.100 бели картони или околу 1.500 помалку од лани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Агенција за финансиска поддршка на земјоделството: Ако не ги искористевме парите ќе ни беа одземени од ЕУ
-
Исцрпени се средствата, завршија субвенциите за ПВЦ прозорци и сончеви колектори
-
Министерството за култура почна постапка за укинување на субвенциите за песни
-
Груевски: Заев пред минатите изборите не кажа дека ќе ги укинува субвенциите, а сега ги укинува за оние со помал принос


