| четврток, 6 декември 2018 |

Смртна казна за бостонскиот бомбаш

bostonБостонскиот бомбаш Џохар Царнаев е осуден на смртна казна поради учество во нападот извршен пред две години на Бостонскиот маратон.

Тогаш загинаа три лица и повеќе од 260 беа повредени.

Поротата составена од 12 членови синоќа донесе одлука за смртна казна за Царнаев (21).

Поротата мораше да донесе едногласно одлука за да добие Царнаев смртна казна. Во спротивно, тој би добил доживотна казна затвор без можност за условна слобода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top