Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека Србија е вознемирена затоа што Западот не го осудува албанскиот тероризам, јави ТАСС.
– Зошто идејата за селабанско обединување на Балканот не се осудува во голема мерка од страна на Брисел, Вашингтон и другите западни земји, нагласи Дачиќ во Белград на заедничката прес-конференција со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
Според Дачиќ, еден од терористите упесен при неодамнешниот инцидент во Македонија признал дека „цел на нивните активности е создавање на албанска држава“.
– Не треба да постојат двојни стандарди… Србија, Русија и цела Европа треба да бидат вознемирени од обидите за создавање на т.н. Голема Албанија и од политичките и терористичките активности поврзани со таа идеја, потенцира Дачиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.