ВМРО-ДПМНЕ остро реагира на притисоците кои членови и активисти на СДСМ ги прават кон граѓаните кои не сакаат и одбиваат да учествуваат на најавениот насилен протест на опозицијата во Скопје.
-До ВМРО-ДПМНЕ стигнаа информации дека поранешни директори и функционери на СДСМ по список се закануваат на сите вработени во државната и јавна администрација, посебно до оние кои се вработени во периодот на владеење на нивната партија, дека доколку не се појават на насилните протести на СДСМ, ќе бидат избркани од работа веднаш после доаѓањето на СДСМ на власт.
ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш повторува дека нема да дозволи со закани, насилство, притисоци и уцени да се спроведува погубното сценарио за Македонија. Им упатуваме јасна порака на сите граѓани кои добиле вакви и слични закани воопшто да не се грижат. Ниту СДСМ ќе дојде на власт, ниту нивните членови ќе може да си ги остварат заканите. Како и многу пати до сега, ќе бидат збунети и попарени од фактот дека за нивната политика граѓаните на Македонија не даваат поддршка.
ВМРО-ДПМНЕ води евиденција за сите вакви случаи и ќе побара од државните институции да постапат како по предмети за нарушување на основните човекови политички права- пишува во соопштението на ВМРО- ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.