| четврток, 6 декември 2018 |

Романски министер осуден поради злоупотреби со гласањето на референдум

роман

Врховниот касациски суд на Романија денеска го осуду министерот за регионален развој Ливиу Драгња на еднагодишна условна затворска казна.

Одлуката на судот не е конечна, пренесува БТА.

Драгња е обвинет заедно со други 70 луѓе поради злоупотреби при референдумот за отстранување од должност на поранешниот романски претседател Трајан Басеску во летото 2012 година.

Според обвинителите Драгања и другите вкупно 74 обвинети користеле имиња на починати лица, повеќекратно гласање, изборен туризам, фалсификување на потписи, за да ја зголемат излезноста на референдумот за истиот да признаен за валиден.

Околу 88 отсто од гласачите го поддржаа отстранувањето на Басеску од власт во 2012 година, но на референдумот излегоа 46 проценти од граѓаните со право на глас, а за референдумот да биде валиден требаше да гласаат над 50 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top