| четврток, 6 декември 2018 |

Сергеј Лавров во посета на Србија – можна тема на разговор и кризата во Македонија

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, вчера пристигна во посета на Србија. Уште при слетувањето на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, рускиот шеф на дипломатијата изјави дека високо го цени присуството на српскиот претседател на празничната церемонија во Москва минатата недела.

– Убеден сум дека во ситуацијата која не е едноставна на нашиот континент претседавањето на Србија и лично на Ивица Дачиќ претставува гаранција за донесување урамнотежени и добропроценети одлуки – изјави Лавров.

Српското министерство за надворешни работи, пак, за српската телевизија Б92 соопштило дека на средбата меѓу Лавров и српскиот министер за надворешни ќе се разговарало за украинската криза, а може и за кризата во Македонија. Лавров ќе има средба и со српскиот претседател Томислав Николиќ и со премиерот Александар Вучиќ со кој, исто така, ќе разговара за односите меѓу двете земји, за поддршката која Русија ѝ ја дава на Србија за Косово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top