| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ се жали на изборни неправилности

Првата реакција на СДСМ по затворањето на избирачките места е дека биле регистрирани серија изборни прекршувања, но воедно признаваат дека не биле забележани сериозни физички инциденти и насилства на гласачките места.

–      Сите вакви случаи се евидентирани од страна на нашиот правен тим, кој ја собира целокупната документација од теренот пред да ги процесуира до надлежните државни институции. Она што е позитивно е што на денот на изборите не беа забележани поголеми физички инциденти и насилство на гласачките места.

Опозициската СДСМ очекува масовниот одзив на гласачите да се одрази на изборниот резултат, „кој треба да биде своевидна заверка на опозициското расположение во земјата“.

Доколку одзивот е навистина резултат на волјата на граѓаните, тогаш тоа е најдобриот одговор за сите изборни манипулации на режимот.  Конечно, ги охрабруваме изборните органи да постапуваат исклучително во согласност со Уставот и законите до целосно окончување на процесот, броењето на гласовите и прогласување на изборните резултати – велат од СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top