ВМРО-ДПМНЕ заедно со македонскиот народ, со сите граѓани, со Албанците, Турците, Власите, Ромите, Србите, Бошњаците и сите други ќе излезе на голем народен митинг за поддршка на стабилна и силна Македонија. Митингот ќе се одржи на 18 мај во 20 часот во Скопје. Овој митинг ќе биде мирен, достоинствен и плод на разумот на секој наш граѓанин.
Ова денеска на прес-конференција во Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ го истакна Никола Тодоров, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Во овие тешки времиња, кога Македонија е под сцениран напад за нејзина дестабилизација, во овие времиња кога некои луѓе сакаат Македонија да не отвара фабрики, да не отвара нови работни места, да не гради инфраструктура, патишта и пруги, посочи Тодоров, ВМРО-ДПМНЕ јасно сака да соопшти дека се спротивставува на сите сценарија за дестабилизација.
– ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш до сега ќе се бори за стабилна, силна и економски развиена Македонија и нема да дозволи заради ниту еден личен или партиски интерес државата да биде втурната во правец кој ќе е на штета на секој еден граѓанин на Македонија, рече Тодоров.
Потенцира дека граѓаните на Македонија ќе излезат на улиците на Скопје за да покажат дека се борат за почитување на правото на глас, за почитување на изборната волја, за отварање нови работни места, граѓаните на Македонија ќе покажат дека се борат за новите фабрики и автопати.
Тодоров истакна дека граѓаните на Македонија ќе излезат за да дадат поддршка на безбедносните сили, за зачувување на државните приоритети и интереси, за земјоделците, младите, пензионерите, работниците…, ќе дадат поддршка за силна Македонија.
Тој ги повикува сите граѓани, мирно и достоинствено, да излезат во понеделник во 20 часот и да дадат поддршка на силна и стабилна Македонија. – Тука сме за Македонија. Ова е нашата демократска битка, битка за почит кон нашите предци и битка за иднината на следните поколенија, додаде Тодоров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)