Американската телевизиска мрежа „Си-би-ес“ потврди дека нејзината долгогодишна серија „Истрага на местото на злосторството: Лас Вегас“ ќе заврши со снимање оваа година, по 15 години емитување.
Популарната приказна за група форензичари која со помош на најсовремена технологија пронаѓа важни докази на неочекувани и бизарни места ќе биде крунисана со двочасен тв-филм.
Серијата почна да се прикажува во 2.000 година. Една од најзабележителната епизода беше онаа која ја режираше Квентин Тарантино и која траеше два часа – „Сериозна опасност“.
Во серијата гостуваа меѓу другите и Тејлор Свифт, Џастин Бибер и Чарли Шин.
Најавено е дека во последната епизода ќе се вратат актерите од првобитната постава Вилијам Петерсен и Марџ Хелгенбергер како Гил Грисом и Кетрин Вилоуз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хабиб: Ја навредуваа мојата вера, земја, семејство – благодарност на Господ останувам непоразен шампион!
-
Проколната телевизиска серија: Во три месеци починаа два актери
-
Лошата Фикрие од „Нашата Дениз“ во приватноста е многу згодна!
-
Што стои зад препевот на познатата „Налеј Налеј“ за серијалот „Македонија“ и каква е поврзаноста на гемиџиите? (видео)