| четврток, 6 декември 2018 |

Завршува „Истрага на местото на злосторството“ по 15 снимени сезони

csi-vegas

Американската телевизиска мрежа „Си-би-ес“ потврди дека нејзината долгогодишна серија „Истрага на местото на злосторството: Лас Вегас“ ќе заврши со снимање оваа година, по 15 години емитување.

Популарната приказна за група форензичари која со помош на најсовремена технологија пронаѓа важни докази на неочекувани и бизарни места ќе биде крунисана со двочасен тв-филм.

Серијата почна да се прикажува во 2.000 година. Една од најзабележителната епизода беше онаа која ја режираше Квентин Тарантино и која траеше два часа – „Сериозна опасност“.

Во серијата гостуваа меѓу другите и Тејлор Свифт, Џастин Бибер и Чарли Шин.

Најавено е дека во последната епизода ќе се вратат актерите од првобитната постава Вилијам Петерсен и Марџ Хелгенбергер како Гил Грисом и Кетрин Вилоуз.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top