Министерството за внатрешни работи успеа да идентификува 18 лица кои со бекатон плочки, метални шипки, шишиња и други предмети, повредија 38 полициски службеници.
„Вандалското однесување е документирано и преку безбедносниот видеонадзор и во форма на кривична пријава и посебни извештаи доставено до надлежниот Јавен обвинител. Во кривичната пријава поднесена до Јавниот обвинител точно е наведено дејството на секое идентификувано лице, доставен фото албум од неговото учество во нападите врз полицијата, а доставени се и видео-снимки на кои точно е забележано на која снимка, од кој медиум, на кој точно временски код.
Од 18-те осомничени против кои досега е поднесена кривична пријава поради основано сомневање дека сториле кривично дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејство“, досега се обезбедени 16 лица, а по уште 2 се трага.
Денеска, беше поднесен посебен извештај до ОЈО Скопје со кој беа опфатени уште 5 лица: С.Љ.(30), Б.М.(53), Д.Б.(23) и М.Т.(28), како и едно малолетно лице на возраст од 16 години. Еден од четворицата осомничени идентификуван е на снимките и како бесрамно го симнува македонското државно знаме од јарболот пред Владата на Република Македонија за што ќе му биде поднесена дополнителна кривична пријава по целокупното документирање на дејството.
На увид на јавноста ги ставаме дејствата на лицата пријавени со денешниот извештај, а во наредниот период, заради шпекулациите во одредени медиуми МВР ќе го стори тоа и со останатите.
Меѓу досега пријавените лица има поединци кои евидираат во полициските датотеки со десетици пријави за насилства, разбојништва и други тешки кривични дела.
Освен мерките на кривичен прогон, МВР досега поднесе и 26 прекршочни пријави по Законот за прекршоци против јавниот ред и мир поврзани со насилните протести.
На 5 мај, целокупната македонска јавност беше сведок на бројните снимки на кои македонската полиција беше брутално каменувана, удирана со шипки и шишиња. Целокупната македонска јавност беше сведок на снимките на запалени контејнери, скинати македонски знамиња, демолирани возила и простории на медиуми од страна на насилни демонстранти.
МВР јавно го повикува СДСМ наместо да шири дезинформации и да подгрева атмосфера на насилства, да се огради од овие вандали и да и помогне на полицијата при идентификувањето на секој хулиган кој се дрзна брутално да се изживува врз полициските службеници.
МВР најостро ги демантира лагите објавени во некои медиуми за наводно приведување на 60 невини студенти. Досега се идентификувани 18 насилници и секое нивно дејствие е фотодокументирано. Наредниве денови МВР ќе изготви детален материјал за дејствијата на секое од овие лица и доколку има интерес истото може да го презентира на меѓународните претставници“, соопшти МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)