| четврток, 6 декември 2018 |

Во Катар првпат две жени избрани за пратенички

катар

Граѓаните на Катар првпат избраа две жени за пратенички на вчера одржаните единствени директни избори во земјата, соопштија локалните власти.

Шеиха Џуфаири и Фатма ал Куари се избрани за пратенички во 29-члениот Консултативен совет.

– Првпат во историјата на Катар две жени ја добиваат поддршката на народот на избори – потврди директорот на изборното биро, генерал Маџед Ибрахим ал Хулаифи.

Во досегашниот состав на Советот имаше само една жена, Шеиха Џуфаири, која е избрана во 2003 година од консултативниот орган, кој има законадавни овластувања.

За изборите биле кандидирани пет жени, од кои некои настојувале за зголемување на бројот на пратенички во Советот.

Речиси половина од 23.000 граѓани со право на глас во Катар се жени. Според официјалните податоци, одѕивот на вчерашните избори достигнал околу 70 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top