Најголемиот хотел во светот ќе биде отворен во Саудска Арабија откако ќе биде завршена неговата градба во 2017 година.
Хотелот ќе се вика „Абрај Кудаи“, а ќе биде изграден во градот Маках.
Ќе има вкупно 10 илјади соби во 12 различни кули, 70 ресторани, простор за слетување на хеликоптери и голема сала за конференции. Проектот ќе чини 3,5 милијарди долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.