Избирачките места во земјава се затворени. По затворањето на гласачките места во 19 часот, може да гласаат само граѓаните што во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.
Граѓаните избираа градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје, и тоа меѓу 350 кандидати за градоначалници и 480 листи за советници. На 2.976 гласачки места правото на глас можеа да го остварат 1.743.403 избирачи.
Денешните избори, како што оцени ДИК, беа мирни, фер и демократски.
Записниците и другиот изборен материјал избирачките одбори го доставуваат до ОИК во рок од пет часа по завршувањето на гласањето. ДИК првичните резултати од изборите добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.
Петтите локални избори по независноста на Македонија ги следеа 8.379 домашни и 410 странски набљудувачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.