Роднините на косовските државјани кои се спомнуваат како дел од вооружената група во Македонија, од кои дел се и уапсени, се зачудени од информациите што, како што велат, за првпат ги слушнале од медиумите.
Нивните блиски велат дека не знаеле за нивното евентуално патување кон Македонија и со денови не можеле да контактираат со нив.
-Јас веќе две недели не знам каде е. Веќе три месеци како го немам видено, ниту децата, ниту Мирсад. Велат дека сега децата се во Приштина, но каде се не знам… Некој вели дека се убиени, дека се фатени, од каде да знам, ама за него не се кажува дека е фатен. Но, ние две недели не знаеме ништо, вели мајката на Мирсад Ндрецај познат како командант НАТО, којшто од МВР го наведоа како еден водачите на групата.
Таткото на Мирсад вели дека нема да го зачуди ако се утврди дека неговиот син е во Македонија, бидејќи учествувал во војната во Косово и во 2001-та година во Македонија.
Синот на Џафер Зимбери пак, кој на минатите избори бил кандидат за пратеник од партијата Алијанса за иднината на Косово вели дека неговиот татко пред две недели тргнал за Албанија и не спомнал ништо за Албанците во Македонија.
-Од тогаш немаме некаква информација од него, нешто точно, само вестите коишто ги гледаме на порталите. Да ви кажам право, ова се малку вознемирувачки вести за семејството, но ниту ние не знаеме точно. Тој беше тргнат за во Албанија, рече синот на Џафер Зимбери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации


