Кливленд направи голем исчекор кон финалето на источната конференција победувајќи ноќеска на домашен терен во петтиот натпревар од плејофот против Чикаго со 106-101 за водство од 3-2 во серијата подобар до четири.
Натпреварот во Охајо го одбележа Леброн Џејмс кој не дозволи изненадување одигигрувајќи фантастичен меч со дабл-дабл учинок од 38 поени, 12 скока и шест асистенции.
Добар натпревар одигра и Кајри Ирвинг со 25 поена. Овие двајца кошаркари имаа подршка од Тристан Томпсон и Иман Шамперт кои заедно додадоа 25 коша.
Најдобар во составот на биковите беше Балтер со 29 поена, а Роуз одигра под своите можности додавајќи „само“ 16 коша.
На вториот меч на вечерта, Хјустон ја прекина серијата од два порази против ЛА Клиперс, па победувајќи со 124-103 избегна елиминација, и сега ја намали разлика на 2-3, но за да дојде до целосен пресврт ќе мора да победи и на следните два меча.
Харден беше јунакот на ракетите со 26 поени, додека Ариза додаде 22. Кај Клиперси Блејк Грифин со 30 и Крис Пол со 22 беа најзабележителни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



