| четврток, 6 декември 2018 |

Димовски: ВМРО-ДМПНЕ очекува реална победа

ВМРО-ДПМНЕ на овие локални избори очекува реална победа. На изборите беа понудени два концепта – едниот на ВМРО-ДПМНЕ, кој се базираше на труд и дела, и другиот на СДСМ, кој се базираше на празни зборови, изјави Илија Димовски, шефот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ на првата прес-конфренција по затворањето на гласачките места.

Ilija-Dimovski-12.12.2012

Тој им честиташе на граѓаните кои излегоа на фер и демократски избори и, како што рече, изјаснувањето на гласачите го следеле 8.000 набљудувачи.

– Изборите поминаа со  мал број неправилности, многу помалку од парламентарните избори во 2011 година. За сите неправилности ќе одлучуваат општинските изборни комисии и ДИК – рече Димовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top